
Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час за искажување сочувство кон жртвите што настрадаа во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, на заедничкиот час ќе се даде и поддршка за побрзо закрепнување на повредените.
Од Универзитетско студентско собрание најавуваат дека заедничката настава и собирите ќе продолжат секој ден сè до 21 март, а во однос на локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.