
Во Општина Могила заврши гласањето на сите пријавени болни и немоќни лица, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија (ОИК) во Могила.
Процесот на гласање почна во 7 часот, изборниот материјал беше навремено и согласно процедура врачен на избирачките одбори чии членови посетија 26 болни и немоќни лица кои гласаа во нивните домови.
Утре на територијата на Општина Могила ќе се гласа на 23 избрачки места, а право на глас имаат 4 661 лице.
На овие локални избори за градоначалник на Општина Могила конкурираат три кандидати, додека за членови на Советот на Општина Могила конкурираат осум листи кандидати за советници во таа општина.