Skip to main content

Во Охрид паркингот поскапува за 30 отсто, гробарината 50 проценти, комуналните услуги 30 проценти…

Граѓаните на Охрид во наредниот период ќе се соочат со значително повисоки сметки за дел од основните комунални услуги, откако Советот донесе одлуки за зголемување на цените од 30 до 50 проценти. 

Според одлуките на Советот, услугите на „Нискоградба“, „Билјанини Извори“, „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец“ поскапуваат од 30 до 50 проценти.

Во Охрид паркингот поскапува за околу 30 проценти, гробарината за дури 50 проценти, додека комуналните услуги исто така бележат зголемување од околу 30 проценти.

Советот донесе одлука и за нови цени во такси-превозот, кои ќе стапат во сила од 6 мај. Новата тарифа предвидува старт од 50 денари и 50 денари по километар, додека ноќната тарифа ќе изнесува 100 денари старт и 50 денари по километар. Со тоа, дневната цена по километар се зголемува од досегашните 35 на 50 денари.

Поврзани вести