Skip to main content

Во МОН повеќе нема злоупотреба на средства за лични хирови како во изминатите седум години

Веќе осум месеци Министерството за образование и наука не троши пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем.

Се работи чесно и посветено, и освен што се враќаат долговите на претходното раководство кои изнесуваат 5 милијарди денари, за оваа година обезбеден е и рекорден буџет од 38 милијарди денари за подобро образование и за развој на научната дејност во Македонија.

Залудни се обидите на политичката партија СДСМ да припишува некакви гревови на актуелното раководство на МОН. Јавните набавки се спроведуваат транспарентно, економично и ефикасно и без нарушување на начелата на конкурентноста меѓу економските оператори.

Компанијата Пуцко Петрол е ангажирана при постапка за јавна набавка во која е единствен пријавен економски оператор. Склучен е договор за сукцесивна испорака на гориво согласно потребите на МОН. Договорот е со важност од една година и досега, во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои, вработените во министерството и просветни инспектори ја извршуваат својата теренска работа.

Ете, толку се реалните потреби од гориво на институцијата, споредбено со изминатите години. Нема користење возила и картички за лични и партиски потреби. Така што, неспоредливи се овие 57 илјади денари со 10те милијарди кои пратеници – бизнисмени од сега опозициските партии нашле шема да ги испумпаат од државниот буџет во време на нивното владеење. Тие треба да се срамат од своите постапки и секако да одговараат заради труењето на целата македонска јавност.

Поврзани вести