Skip to main content

Во крводарителска акција во Чашка собрани 24 крвни единици

 Во големата сала на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка се одржа акција за доброволно дарување на крв во која беа собрани 24 крвни единици.

Акцијата е организирана во рамките на програмата Денот на Општина Чашка 21 август, а ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и тројца волонтери на Основната организација на Црвен крст Чашка. Крводарителската акција беше подржана од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“ во чиишто простории секое лето и се одржува веќе традиционално.

Како што информира, Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, еден од дарителите во денешната акција за крводарување за прв пат дарувал крв и станал дел од најхуманото семејство во државата.

Следната акција на ООЦК Велес е закажана на 24 август од 9 до 15 часот во просториите на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Поврзани вести