Skip to main content

Во Крива Паланка собрани 98 единици крв

Црвен крст Крива Паланка
Црвен крст Крива Паланка

На денешната крводарителска акција што се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст-Крива Паланка собрани се вкупно 98 единици крв. Ова е втора акција месецов и шеста годинава што се реализира на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во соработка со институтот за трансфузиона медицина, Скопје.

Нашите сограѓани денеска уште еднаш ги покажаа својата хуманост и солидарност, одзиваји се во толку голем број на акцијата за дарување крв. Драго ми е што и денес имавме повеќе крводарители што за првпат даруваат крв, пред сѐ млади дарители, што значи дека меѓу младите и тоа како е висока свеста за хуманост и продонес кон спасување нечиј живот, рече Маја Илиевска, вршител на должноста секретар на ООН Црвен крст-Крива Паланка.

Првата акција во април се одржа на 11-ти, во Општина Ранковце, каде што беа собрани 22 едници, што значи месецов се собрани 120, а од почетокот на 2025 на шест крводарителски акции во организација на ОО Црвен Крст Крива Паланка собрани се вкупно 403 единици крв.

Поврзани вести