Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Со молчењето за скандалите и криминалите на Артан Груби, СДС се негови соучесници

СДС знаеше и го одобруваше секое криминално дејание на Артан Груби. СДС, покрај ДУИ, го створиле Груби која како никој до сега направи штета на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалите и скандалите на Груби на груби се многубројни, почнувајќи од криминалот во Лотарија каде што со другар му Прпарим украле неколку милиони евра, преку дуќанот на улица Македонија кој го купи по багателна цена, до тендерите од неколку стотици илјади евра доделени на фирмата на неговиот брат од министерството кое тој го водел.

И ова се само неколку од скандалите и криминалите во кои Груби е главен лик и за кои е информирана и македонската јавност.

Ако јавноста, новинарите, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција знаеше за криминалот на Артан Груби, несомнено за тоа знаеле од тогашната владејачка партија СДС која беше во владина коалиција со ДУИ.

Дека СДС знаеле и му дозволиле на Груби да кради колку сака, на сите ни е јасно, а причините за тоа се неколку. Прво затоа што најверојатно и тие краделе и биле соучесници во криминалот на Груби, но и поради желбата што подолго да останат на власт. Плашејќи се дека ако збор кажат против Груби ќе им се расипе криминалната коалиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека и самото молчење и непреземање никакви мерки за Груби да биде процесуиран од органите на правда, се смета за соучество, така да, СДСМ освен што се креатори на Артан Груби, тие се и негови соучесници.

За ова молчење, одобрување и соучество во криминалот на Груби, СДС им должи извинување на македонските граѓани. Затоа што, за својата комоција подолго да останата во удобните владини фотелји, не смееја збор да изустат за скандалите, криминалот и арогантното однесување на Артан Груби“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести