
СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека СДСМ избегаа од работната група за Изборниот законик.
Таа работна група не спроведува никаква партиска агенда, туку има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР, стандарди кои самата ЕУ ги бара и стандарди за кои од СДС велат дека ги сакаат, па сепак бегаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат што точно претставува европскиот пат за СДС? Имаат ли некоја идеја поинаква од онаа што самата ЕУ ја има?
Не е важно дали се во опозиција или се на власт, луѓе кои и сакаат добро на државата и на граѓаните би ги поддржале законите кои се во нивен интерес. Тоа е минимумот што треба една опозиција да го направи покрај нејзината конструктивност. СДС не го исполнува ниту тој минимум.
Неделава беа дополнети Предлог-законот за судска служба, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори, а усвоени беа Предлог-законот за високи раководители, како и Предлог-законот за оружје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека Македонија и годинава ќе биде прва во регионот затоа што повторно ќе ги испорача обврските кои и се зададени и ќе ги донесе законите што се дел од Реформската агенда.
Доколку СДС продолжи со политиката на здружување со ДУИ и од опозиција се обиде преку опструкции да го забавува реформскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ нема да се води од дневнополитички пресметки. Наш приоритет останува исполнувањето на реформската агенда и донесувањето на сите неопходни законски решенија во предвидениот рок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски



