
Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Аман Филипче не се грижи!
Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДС? Владата на СДС, онаа влада која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1000 денари или илјада и нешто.
Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше или што уште не. Вака ли се грижеа тие за пензионерите.
СДС е само олицетворение за понижување, партија која никому не даваше повисоки примања, партија која шири лаги и дезинформации, партија на која апсолутно не и грижа за никому и за ништо во државата. СДС е партија во која поединци се грижат за личниот џеб. Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДС.
ВМРО-ДПМНЕ не ги познава овие поими. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што и докажа и покажа неодамна.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра, како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.
„За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%”, рече Филипч.
Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите.
„Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад партиципираат во спроведувањето на структурните реформи”, рече Филипче.
Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории.
„И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари”, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, постави и прашање до власта: Зошто купува скапа струја по 140 евра по мегават час, кога државата може да ја произведе за 80–90 евра?
„Производството на еден мегават час во ЕСМ чини 85 евра. А тие купуваат струја за 140 евра. Тоа значи криминал, неспособност или и двете заедно“, изјави Филипче.
Поради оваа разлика, како што рече тој, државата потрошила 62 милиони евра народни пари, пари кои можеле да останат во буџетот или да бидат инвестирани во нови капацитети.
„62 милиони евра отидоа за покривање на нечија неспособност. Тоа е срамно и неодговорно“, рече претседателот на СДСМ.
Филипче нагласи дека владата намерно ги оставила домашните капацитети да не работат, со што ја зголемила зависноста од увоз, а со тоа и цената на струјата.
„Кога не работи домашното производство некој профитира. Кој профитира? Тоа прашање мора да добие одговор“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ додаде дека ваквиот модел води до сигурен раст на цената на струјата, нови ценовни шокови и дополнително осиромашување на граѓаните.
„Ова не е случајност. Ова е последица на целосно неработење и хаос во енергетскиот сектор. Време е да кажат кој ќе одговара за овие штети“, рече Филипче.

Македонски






