Skip to main content

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Кралството Шведска, предводена од Н.Е. Ами Ларсон Џаин.

На средбата беа разменети мислења и ставови на повеќе теми со фокус на актуелните политички и економски прашања, односите меѓу етничките заедници кои живеат во земјата, но и можностите за продлабочување на и онака одличната соработката меѓу двете земји. Воедно беше нагласено и тоа дека сѐ додека има резултати и сѐ додека ниту еден денер не заминува во погрешен џеб нашата земја ќе ја има шведската поддршка. 

Бевме контруктивна опозиција, а сега се покажуваме како одговорна власт и затоа мислам дека заслужуваме поддршка, како и дека Шведска треба да остане еден од нашите најголеми пријатели“, рече Стоилковиќ. 

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи да се негува, а Шведска како силен поддржувач на нашата земја на патот кон ЕУ и понатаму да ја поттикнува РС Македонија да напредува во процесот на интеграција во ЕУ, особено во насока на зајакнувањето на демократскиот и инклузивен развој. 

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibom