
Американскиот Стејт Департмент честопати се здружува со Сорос и со Фондацијата Отворено Општество за да ‘промовираат демократија’ во источноевропските земји.
Ова најчесто значи напаѓање на националистичките влади и вбризгување на доза социјална, либерална пропаганда преку невладините организации и медиумите финансирани од Запад – честопати со цел да се влијае на изборите во овие држави, oбјави на „Рамбл“ поранешниот дипломат Мајк Бенц.
Еден пример се извештаите за мешање на УСАИД во изборите во Македонија во 2016та година. Според интернет страницата на УСАИД, од 27 февруари 2012 до 31 август 2016та година, оваа агенција дала 4.8 милиони долари на Фондацијата Отворено Општество – Македонија. Џудишал Воч јави дека, со помош на тогашниот амбасадор на Барак Обама во Македонија, Џес Л. Бејли, американската влада потрошила милиони долари од даночните обврзници за, во соработка со Сорос, да ја дестабилизира демократски избраната, десно-центристичка влада во Македонија. Значи американската влада го финансира Сорос, а Сорос ги дели овие пари на луѓето на терен, на политичарите, на локалниет судии, обвинители, невладини организации за борба против корупција, медиумите, синдикатите“, изјави Бенц.