Skip to main content

Трајков: Европскиот пат на Македонија не смее да се билатерализира

Кабинет на заменик-министерка за европски прашања

Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска учествуваше на Летната школа за „ЕУ политики, проширување и реформи“ која се одржува од 24-27 јуни во Будва.

Во рамките на своето обраќање на панелот „Кон Агендата за проширување 2030“, заменик-министерката Трајков говореше за значењето на реформските процеси на патот кон ЕУ, како и потребата од зајакнување на регионалната соработка со што ќе се овозможи забрзување на евроинтегративниот процес.

Во своето обраќање, Трајков се осврна и на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека евроинтеграцискиот процес на земјава се билатерализира, наместо да биде низ призмата на реформските процеси.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков истакна дека во наредниот период очекува јасна и гласна поддршка од земјите членки на ЕУ за евроинтеграцискиот пат на земјата, кој не смее да биде изолиран случај за ЕУ членство низ континурани условувања од страна на земја членка на ЕУ. Заменик-министерката Трајков посочи дека се преземаат сериозни чекори на дипломатско поле со цел да се придвижи евроинтегративниот процес на земјата.

На Летната школа за земјите од Западен Балкан учествуваа високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот кон ЕУ, но и зајакнување на меѓусебната соработка.

Летната школа е организирана од Европскиот Универзитетски Институт (EUI) и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), а е поддржана од Министерството за надворешни работи на Италија.

Поврзани вести