
Се надевам дека до јуни-јули идната година ќе го имплементираме „Бебеден град“ на целата територија на државата, а сигурен сум дека до крај на 2026 година ќе го имплементираме во секој еден град како паметен систем. Македонските граѓани заслужуваат и во Тетово, и во Скопје, но и во Берово, Делчево, Струга и во Охрид да имплементираме едно паметно решение кое би требало да ја следи европската стратегија на „нула жртви“, односно таа стратегија до 2050 година да немаме човечки жртви како последица непочитување на сообраќајни правила, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на денешната промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР, донација на ОКТА и притоа потсети дека тест периодот за регистрирањ ена прекршоци од системот „Бебеден град“ важи до 1 февруари идната година.
Според Тошковски, ова е само еден дел од чекорите коишто треба да се преземат, но и во овој краток временски период, во рамки на тест периодот, првичните информации се дека навистина македонските граѓани поинаку се однесуваат кога управуваат моторно возило отколку порано.
И многу ми е мило што бројот на сообраќајнин незгоди со тешки телесни повреди и генерално бројот на сообраќајни несреќи, таму кадешто овој проект го имлементираме, се намалува. Тоа е многу битно. Прва и најголема цел, јас би рекол и последна цел на имплементацијата на овој систем, е спасување барем еден човечки живот повеќе од претходно. Така што, резултатите коишто треба да ги даде „Бебеден град“ се навистина многу големи, потенцираше министерот Тошковски.
Додаде дека никој нема да биде изземен од „Бебеден град“, освен возилата на полицијата кога преземаат дејства, итната медицинска помош и возилата на против пожарните единици. Притоа го спомна неговиот личен пример кога добил опомена за сторен сообраќаен прекршок и тоа го споделил јавно.
На новинарско прашање за отворањето на средното полициско училиште по 25 години, Тошковски истакна дека упатува голема благодарност до македонскотоСсобрание затоа што поддржало закон којшто ќе овозможи следење на светските трендови и текови.
За жал, 25 години во Македонија нема средно полициско училиште. За среќа се уште имаме кадри кои биле создадени пред 25 години во рамки на тогашното средно полициско училиште кои што се потпора и темел со најпрофесионална емперија во рамки на своите знаења, луѓе кои се уште ги имаме во Министерството. Со овој закон овозможуваме враќање на категоријата професионален полицаец којшто по завршување на средно образование ќе може да одогорви дека е полицаец со завршено средно полициско училиште. Навистина ова е револуционорен проект во делот на враќање на професионалните капацитети особено во рамки во образовниот процес кој е креиран со професионалци во рамки на полицијата, подвлече министерот за внатрешни работи.
Тошковски е убеден дека во рамки на сегашниот Центар за обука, во иднина Полициска академија, Македонија за две и пол години отсега ќе ја има првата генерација, затоа што ова средно полицискко училиште ќе се однесува на трета и четврта година од средното образование.
Еве, ги повикувам сите заинтересирани ученици од втора година без оглед во кое средно училиште се запишани, доколку имаат желба да станат полициски службеници, доколку си ја сакаат државата, да расмислат да се запишат од 1 септември идната година во средно полициско училиште кое го враќаме во Република Македонија, рече Тошковски.
Во одговор на друго новинарско прашање дали има доволен број на полициски службеници, министерот рече дека Македонија има доволен број полициски службеници, а проблемот на невидливоста, проблем кој го чувствува секој еден граѓанин од неприсутност на полицијата не е заради бројката, туку континуираното долгогодишно нефункционално менаџирање со кадрите во рамки на Министерството.
Заради тоа измените на законите беа едни од круцијалните чекори кои мораме да ги направиме ако сакаме да се реорганизираме како Министерство. Тоа е направено. Во овој период работиме на нова систематизација во МВР што ќе биде предложена до Владата и ќе биде усвоена од страна на Владата за од почетокот на мај 2026 година да почнеме со новата организирана структура во рамки на МВР, посочи Тошковски.
Најави дека огоромен дел од полицајците во иднина ќе бидат во униформа. Тој смета дека покрај полициските службеници кои се во униформа и други служби како крим полицијата и припадници од Одделот за заштита и обезбедување на вип личности и објекти ќе бидат униформирани.
Во иднина, како што рече, најавува видливост на полицијата, зашто огромен дел од овие служби кои не биле униформирани, сега ќе бидат униформирани и ќе бидат на терен.
Според министерот Тошковски, целта е да се создаде оперативна и ефикасна служба во рамки на МВР која ќе биде видлива за граѓаните, бидејќи со присуство на полицијата на терен, со присуство на полициските службеници меѓу граѓани ќе се поткрене безбедносната состојба во државата и позитивната перцепција на граѓаните.

Македонски






