Skip to main content

Тетово доби машко бебе

Првото новородено бебе во Тетово годинава е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската Болница.

Бебето е тешко 2.850 грама и долго 50 сантиметри. Тоа е второ дете на родителите Улфет и Бесар Ислами од Мала Речица.

Според стручниот тим предводен од докторите Нагип Руфати и Љуљета Муљаку и педијатарот доктор Антигона Треневскa, бебето е во добра здравствена состојба.

Поврзани вести