
Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори, конкретно за случувањата околу трката за градоначалник на Општина Струмица.
На прашањето за кој градоначалник ќе го дадат својот глас, 24,1% од испитаниците истакнале дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков.
По него следува Марјан Даскаловски со 22.4%, додека пак за Драган Котуровиќ се изјасниле дека ќе гласаат 2.6% од испитаниците. За Ристо Цас својот глас ќе го дадат 1.6%.
Доколку во вториот круг, треба да се одлучат помеѓу Петар Јанков и Марјан Даскаловски, испитаниците се изјасниле дека 26.6% ќе го дадат својот глас за Петар Јанков, додека пак за Марјан Даскаловски 23.3%.
36.3% од испитаниците не сакале да одговорат.
29.8% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори, додека пак за СДСМ, се изјасниле 16.2%.
По овие две партии следуваат Левица со 2.7% и ЗНАМ со 2.1%. 1.9% од испитаниците сметаат дека друга политичка партија ќе победи, додека пак 35.1% не одговориле. Според 25.5% од испитаниците, ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе се справи со проблемите во општина Струмица, додека пак 17.1% сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.
По нив следат Левица со 3.2% и ЗНАМ со 3.0%. 27.3% од испитаниците не сакале да дадат одговор.