Skip to main content

Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца

Принтскрин

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференцијата пред Ургентниот центар во Скопје.

Во дискотека во Кочани, утрото рано, на 16 март загинаа 59 лица, главно на возраст од 14 до 25 години, а 178 беа повредени. Денеска во Штип, Кочани, Облешево, Виница, Струмица, Скопје и Македонска Каменица се погребуваат загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три.

Од идната недела се надевам ќе ве известуваме за тоа колку пациенти го продолжуваат лекувањето дома и за такви што ќе се враќаат од странските држави – истакна Таравари.

Според него, од пациентите во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Сиситина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ 4.

Надвор се 101 пациент, вчера се испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не – рече Таравари.

Поврзани вести