Skip to main content
9OVrKfpyA18

Што барал Филипче на тајни средби со Башановиќ во Грција?

По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција.Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДС, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДС, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДС и Филипче за нивните настапи во јавноста.

Односот кој Филипче и СДС го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најми да му помогнат на СДС.

Случајно или не случајно тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои се повеќе и повеќе не му веруваат на СДС и не му веруваат на Филипче.

На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДС и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали.

Но, СДС не успева да извлече поука, туку СДС продолжува да тоне во сопствената кал.

Поврзани вести