Skip to main content

Секој што има одговорност да одговара – без разлика на функцијата и припадноста!

Македонија бара и очекува целосна истрага и одговорност за оние кои се виновни за згаснувањето на младите животи во кочанската дискотека! Народот ќе биде гласен, медиумите ќе бидт гласни, за мир на душите на сите оние кои не напуштија во големата трагедија!

Надлежните ветуваат дека одговорност ќе има! Министерот за правда Игор Филков порача дека секој што потфрлил ќе одговара, правда мора да има.

Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе!

Нека почиваат во мир овие млади души, наведува министерот за правда Игор Филков.

Одговорност ќе има од секој од корумпираните и секој еден кој има удел во трагедијата, порача и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочувајќи дека се преземаат сите мерки за целосно расветлување на случајот.

И премиерот Христијан Мицкоски беше дециден – мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија

Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме.Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост.

Потребна е демонстрација на морална одговорност. И многумина ми велат народот знае дека Владата нема вина во ова, дека е нова Влада која влезе во костец со проблеми таложени со децении и систем на корупција кој е создаван со децении во државата, но јас ви велам без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример кој ќе има значење и вредност и мора да има морална одговорност.

И јас по ова прашање немам дилеми, ниту пак ќе калкулирам. На мене не ми е потребна власт по секоја цена, но јас сум тука да се борам и да демонстрирам со личен пример како сметам дека треба понатаму, и што доколку се откажеме – рече Мицкоски.

Поврзани вести