
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања.
ОД МВР велат дека во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот. Од таму велат дека врз основа на снимениот и докумнетиран материјал полицијата презема мерки во координација со јавен обвинител.
Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.
Скандирањата на навивачите на Шкендија ги слушаа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и ексминистерот Крешник Бектеши кои беа во ложа. Но, барем до сега нема осуда од нивна страна за недоличното скандалозно скандирање на трибините.