Skip to main content

Редакцијата на „Република“ нема да го објави видеото од Васо Јованов од професионални и етички причини!

Сестрата на починатата дизајнерка Фросина Кулакова се обрати со јавен апел до медиумите, дека има сознанија оти адвокатот на Васо Јованов, Сашо Дукоски, утре на прес конференција ќе прикаже вознемирувачка видео снимка, направена веднаш по трагедијата. Таа замоли видеото со починатата Фросина, да не се објавува како од страна на медиумите и да не се споделува од страна на јавноста.

Редакцијата на „Република“ го има видеото од Васо Јованов уште од денот на несреќата. Не го објавивме и нема да го објавиме од професионални и етички причини!