Skip to main content

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел пристигна на скопскиот аеродром

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, вечерва пристигна на скопскиот аеродром, извести министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“, наведе Муцунски.

Пред 2 дена на прес-конференција, министерот кажа дека 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел.

Тогаш посочи дека се очекува првично осум лица да бидат префрлени на безбедна територија, а кажа и дека евакуацијата се врши со владин авион.

За втората група изјави дека се очекува да го напушти Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив.

Поврзани вести