Skip to main content

Претседателката Сиљановска Давкова доби на подарок куче Караман кое треба да биде признаено за автохтона македонска раса

Кабинет на претседателот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид доби подарок куче Караман кое се очекува наскоро да биде признаено за автохтона македонска раса.

,,Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.

Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која открива дека на средбата и било подарено куче Караман, ,,симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух”.

Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, пишува претседателката.

Поврзани вести