Skip to main content

„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска се одржа трибина „Правдата доаѓа“, на која говорниците најавија дека во иднина ќе излезат нови детали за поврзаноста на владеачките партии со случајот Лотарија и испратија апел институции да се позанимаваат со случајот Онкологија. Притоа, тие потенцира дека СДСМ и ДУИ имаат корупциска поврзаност.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов го изнесе своето мислење во врска со случајот Лотарија и проневерата на осум милиони евра. Пренџов посочи дека СДСМ и ДУИ манипулирале со јавноста за да останат на власт.

-Тие манипулираат на мантадна основа со цел да бидат подолго време во власта. Разликата помеѓу порано и сега во Македонија после 8 мај, работите не се исти и дојде нова политичка генерација која не планира да прави ништо друго освен право, правда и решавање на криминал и корупција, нагласи Пренџов.

Пренџов во своето обраќање истакна дека случајот со Лотарија е само почеток и дека во иднина ќе излезат нови детали за поврзаноста на владеачките партии со овој проект.

-Ќе има уште работи кои ќе излегуваат, ова се првичните контури на целиот тој проект, условно кажано Лотарија. Потоа ќе излегуваат кој каде изнајмувал, а тоа сите го знаеле, рече Пренџов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека кај Ковачевски имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со Лотарија, се со цел да се задржи СДСМ ден повеќе на власт.

-Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во Лотарија, толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата, истакна Милошоски.

Милошоски исто така апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски рече дека од ДУИ немаат поддршка од својот лекторат, што објаснува за нивните погрешни и штетни политики.

-Јас би споменал дека ДУИ има повеќе лица и ги користи тие лица, или маски по потреба исклучиво само за да може да краде. Тие беа национална партија на Албанците и преку таа реторика успеаја да дојдат на власт и да се одржат. Потоа се реформираа во зелена партија, исто и таа маска им беше потребна за да може да крадат. Потоа беа европска партија, промовираа европски вредности и тоа беше една од нивните маски, рече Петрушевски

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom