
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти, информираат пратениците.
Сите пратеници донираа парични средства на Сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
Број на сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
Банка: АД Комерцијална банка
Назнака: Помош за настраданите граѓани во пожарот во КочаниОваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста, стои во нивното соопштение.