Skip to main content
4vBrHArt60I

Порано беше „ОЗНА све дозна“, сега е „СДСМ знае се“

Македонија повторно се наоѓа во скандал со прислушување. За време на поранешната власт на СДСМ биле следени поранешниот лидер на опозицијата а сегашен премиер, бизнисмени и новинари меѓу кои и редакцијата на Република. Да, за поранешното раководство на АНБ новиинарите од „Република“ биле закана за националната безбедност, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“

Ви се враќаат филмовите од 2017 година. И тогаш Заев јавно прогласуваше новинари и медиуми за непријатели на СДСМ. За нив секој што е непријател на партијата е непријател на државата и тоа е доволно оние од АНБ да го уклучат копчето за снимање.

Како во филмот „Професионалец“, кој го гледал знае. Таму главниот лик Бора Тодоровиќ кој е човек од службите од толкава заљубеност кон Милошевиќ секојдневно го следел дисидентот и професор Бранислав Лечиќ, се коментира во колумната

И нашиот Бора Тодоровиќ, кој е кадар на СДСМ за специјални операции од љубов кон Заев пет години давал наредба за следење на Мицкоски, биснисмени, новинари. Пет години, знаете ли колку време е тоа и колку материјали имале за слушање. Штом додека СДСМ беше на власт не покренале ниту еден случај а камоли обвинение можете да замислите колку прислушуваните разговори се закана за националната безбедност.

Во тие разговори може сигурно сешто да се најде. Оговарање, пцуење, бош муабети за политика, разговори со сопруги,швалерки, девојки, колеги, пријатели, но што со тоа. Тоа се разговори за пред коперација а не загрозување на националната безбедност како што сака да ги прикаже АНБ и СДСМ.

И кога премиерот најави дека овој скандал мора да биде разрешен по судски пат, од СДСМ дојде генијална идеја-разговорите да се декласифицирале. Како прво Мицкоски не е тој што може да бара или наредува декласифицирање. Тоа може да го направи само суд или органот кој е дал наредбата за следење, во случајот АНБ. Не Мицкоски. Ама на СДСМ не им е до судска разрешница туку до шоу. Панаѓур.

Да се разменуваат разговорите по мобилен, да се шиткаат на Зелено пазарче како чорапи три за сто. Како прво, објавување на туѓи разговори е кривично дело. СДСМ сака да прави спектакл како кога Диџеј Заев среде Универзална сала ги пушташе разговорите. Може оттогаш кутрата беше урочена и си изгоре. Доказите кој и зошто бил следен се за на суд а не за фаќање сеир.

Намерата е јасна, сакаат разговорите да се објават јавно и со тоа да бидат дискредитирани и никогаш да не можат да се употребат во судска постапка која сигурно ќе се случи.Тој филм во 2025 година нема да го гледаат. Не, за ова си има обвинителство и судови. Какви такви. Се по закон.

Поврзани вести