
Поради десеттина сопственици на хациенди заглавен Коридорот 10-Д и штети кои може да надминат 150 милиони евра. Самоволието на десетина сопственици на луксузни хациенди со градини и базени во селото Ореовец ја отежнува изградбата на Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола.
Снимките од дрон покажуваат куќи со неколу ката со уредени тревници, летниковци, фонтани. Овие луѓе речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади градежниот материјал. Тврдат дека се загрижени за животната средина иако сите анализи и контроли го велат спортивното.
Инспектори од Министерството за екологија и од Општина Прилеп излегле на терен и не констатирале никакви неправилности. Поставени се и апарати за мерење на загадувањето, на вибрациите и на бучавата кои покажуваат дека нема отстапувања од дозволените вредности.
Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.
Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата, но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште. Поради блокадите и отежнатата градба изведувачот Бехтел и Енка веќе размислува да бара отштета која би била сериозен удар за државниот буџет и според одредени процени би надминала и десетици милиони евра.
Конкретниот каменолом односно Позајмиште 6 е во сопственост на државата и е оддалечен повеќе од 700 метри од селото, локацијата е одредена со самиот договор за изведба на Коридор 8 и Коридор 10д, а претходно и била планирана за доделување концесија за комерцијално користење.
Факт е дека доколку ова позајмиште не се користи практично нема изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Македонски


