
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Нејзината порака е јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски:
„Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“
Објавата на Пешевска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита порака по големата победа во Кичево. објави Скопје1.мк

Македонски







