И оваа година продолжувам активно да комуницирам со сите вас кои верувате дека можам да ви помогнам во решавањето на инфраструктурни, административни или други слични проблеми, напиша на својот фејсбук профил Златко Перински, министер за локална самоуправа.
Денес преку платформата Сподели контактирав со неколку граѓани кои се пожалија на узурпирани јавни површини, административни бариери во некои институции, а слушнав и за проблем со водоводната мрежа од кој се засегнати десетици граѓани.
Иако немам директна надлежност за нивно решавање, ветувам дека ќе се заложам во наредниот период да посредувам кај соодветните институции за нивно надминување.
Ви благодарам за досегашната доверба и ве охрабрувам да продолжите да ми пишувате на spodeli@mls.gov.mk.
Со оглед на отворениот процес за подобрување на Законот за локална самоуправа, ве повикувам да споделите ваши предлози и сугестии на оваа тема.
Развојот на локалната самоуправа е невозможен без соработка со граѓаните.
Заедно можеме да ги решаваме сите проблеми и истовремено да ја развиваме локалната демократија која е во заеднички интерес.