Skip to main content

Перински присуствуваше на традиционалната Мичуринска средба

Вечерва со задоволство присуствував на традиционалната Мичуринска средба, со која го одбележавме празникот Василица, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински во објава на „Фејсбук“.

Беше пријатно чувството да се биде дел од настан кој веќе 29 години ги сплотува заедништвото и почитта кон традицијата преку споделување на празнични моменти со соседите и пријателите. Токму ваквите маалски средби и негувањето на традициите се темел за нашето заедништво, кои го јакнат чувството на припадност и вредностите што нѐ спојуваат, подвлече тој.

Поврзани вести