Skip to main content

Огласи за прием на нови 300 професионални војници и 10 подофицери во македонската Армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе ги посети припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата.

Таму ќе направи увид во градежните активности на дел од објектите кои се реконструираат.

По пат тој објави убава вест за Македонија и македонските граѓани.

-Премиерот минатата недела извести дека ќе објавиме конкурси кои ќе значат нова свежина во редовите на Армијата. Затоа сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин. Ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните, напиша министерот Мисајловски.

Поврзани вести