Skip to main content

Одбележување на Денот на македонската полиција

Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска се одржува централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7-ми Мај.

Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.