
Од утре (1 ноември) до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година.
Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии.
Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025 година.
Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски







