Skip to main content

Николоски: Заштитата на Охридското Езеро и басенот на реката Црн Дрим е приоритет за Владата

Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на реката Дрим и Охридското сливно подрачје.

Николоски, како што информираат од Министерството за транспорт, во своето обраќање истакнал дека Владата преку системски мерки презема активности за заштита на водите, потенцирајќи ги акциските планови кои ги реализираат ресорните министерства во насока на заштитата на природните ресурси.

За нас, заштитата на водата и водните ресурси е од големо значење. Чистата вода не е само природно богатство, туку и цивилизациска вредност што го одредува квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации. Сливот на реката Дрим, кој опфаќа неколку земји и култури, ја симболизира нашата меѓузависност и колективна одговорност, но е и регион за градење политичка соработка, како и за развој на одржлива економија. Дрим не е само река, Дрим е наше природно богатство и наследство, а во исто време сливот на реката Дрим е регион со огромен капацитет за развој на инфраструктурата и туризмот. Водите на Охридското Езеро претставуваат културна вредност, туристички потенцијал и важен економски двигател. Чистата вода станува ресурс што создава можности, работни места и ни овозможува меѓународно препознавање – истакнал Николоски.

Тој дополнил дека Владата активно работи на спроведување на Стратегијата за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион, а ја истакнал и силната подршка на меѓународниот проект за заштита на сливот на река Дрим.

Во овој поглед, силно го поддржуваме проектот ГЕФ на Охридското крајбрежје, како и напорите на Глобалното партнерство за води – Медитеран. Сите мора заеднички да се фокусираме на борбата против различните форми на загадување на водата и да создадеме еколошки пристап што ќе произведе здрави екосистеми и долгорочна безбедност на водата -рекол вицепремиерот Николоски.

Состанокот беше во организација на Дрим Кор Групата на кој се разговараше за идните мерки и активости за заштита на сливото подрачје на реката Дрим

Поврзани вести