Skip to main content

Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување

СДСМ

Викендов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.

Поеклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори, изјави Николоски.

Тој додаде дека здраво е да се има силна опозиција, но како што рече во моментов не може да се дефинира која е главната опозициона партија, дали СДСМ, ДУИ или Левица.

Поврзани вести