Skip to main content

Николоски: Договорот со Обединетото Кралство целосно ќе ја трансформира Македонија

Фото: Facebook/Aleksandar Nikoloski

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва учествуваше на трибината која се одржува во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум-Ги градиме темелите на промените“. Николоски во своето обраќање се осврна на Договорот со Обединетото Кралство и посочи дека ова е нешто што прво, ќе ја трансформира Македонија, а второ Македонија со овој договор се позиционира рамо до рамо со, како што рече тој, втората светска сила во моментов. 

Николоски стави акцент и на економскиот аспект и бенефитите за Македонија и за граѓаните. 

-Прво е лична мотивација. Јас кога се нафатив минатата година на овој предизвик бев силно мотивиран да направиме работи кои што ќе останат позади нас, но и работи кои што ќе останат за генерациите коишто ќе не паметат и коишто ќе не споделуваат што се она се правело, рече Николоски.

Според Николоски, Македонија мора да направи голем чекор напред со цел да биде рамо до рамо со најразвиените држави во Европа. 

-Ние мора да направиме гигантски чекор напред ако сакаме Македонија да ја однесеме рамо до рамо со најразвиените европски држави и имаме уникатна можност да го направиме тоа затоа што сме мала држава, но во исто време имаме вреден народ, чесен народ и со добра организација се постигнуваат овие резултати, рече Николоски и додаде дека од една страна мора да сте многу подготвен за да станете рамо до рамо со најразвиената држава во Европа и втората светска сила во моментов.

Николоски истакна дека Македонија е првата држава во Европа која има потпишано ваков договор и реферираше на Договорот со Обединетото Кралство, а додаде и дека министерот за надворешни работи денес веќе го надградил тој договор. 

-Тоа според мене е значајно политички аспект,  затоа што како што кажав, втората светска сила става свој печат во Македонија и тоа се трајни работи. Затоа што кога водите битки надвор, кога се бориме за македонскиот национален идентитет, за македонскиот јазик, за македонскиот народ, кога сакаме да е почитувана македонската историја и култура, многу е полесно кога имате голема светска сила позади себе, кажа Николоски.

Николоски го спомена и економскиот аспект во контекст на Договорот со Обединетото Кралство.

-Потпишавме договор каде што Велика Британија гарантира со својот кредитен рејтинг, којшто е највисок кредитен рејтинг, којшто може да се добие за Македонија и тоа го прави во една рамка од 5 милијарди фунти односно шест милијарди евра што целосно можат да ја трансформираат Македонија“.

Николоски потенцираше дека првиот проект е веќе во фаза на реализација и веќе има понуди од 16 врвни светски банки.

-Тоа е брзата пруга, која што секако ќе поминува и низ Гевгелија, Гевгелија-Солун ќе е околу 30 минути, Гевгелија-Скопје ќе е некаде околу час, час и десет. Центар во центар. Така што тоа е нешто што целосно ќе ја трансформира Македонија, заклучи Николоски.

Поврзани вести