Skip to main content

Николоски: До крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, а за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе девет месеци засилено работиме со Европската банка за обнова и развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме фиксен рок до 30 септември да избереме изведувач за изградба и откако ќе почне изградбата за две и пол години да го изградиме автопатот, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

На Блаце работиме со ЕБОР. За македонски услови тие работат бавно, за нормални развиени држави работат нормално, бидејќи таму не можат да се случат изненадувања како тука, бидејќи таму подготвителниот период е долг, ама кога ќе се влезе нема назад, истакна Николоски во гостување во емисијата на Јанко Илковски на ТВ Сонце.

Како што посочи Николоски, со нив, „работеле девет месеци подготвителен период и во моментов понудувачите треба да дадат финансиски понуди“.

Кај нив тендерите се поделени, прво прават квалификација дали понудувачите ги исполнуваат потребните услови и само тие кои ги исполнуваат техничките услови можат да дадат финансиска понуда затоа што во нашиот случај за јавни набавки се случува ултра неквалитетна фирма да даде ниска цена, вие ја одбивате бидејќи е неквалитетна и ви се случува да излезат во јавност и да велат не одбивте, а понудивме најниска цена, појаснува Николоски.

Тој додаде дека со ЕБОР нема вакви работи и појасни дека тие прво кажуваат дали технички ги исполнувате условите, се прави селекција и тие фирми што ги исполнуваат условите се поканети да дадат финансиска понуда.

На 30 септември треба да имаме избран изведувач, а кога работите со ЕБОР имаме фиксни рокови, за 2,5 години е рокот на завршување на автопатот, истакна вицепремиерот Николоски. 

Поврзани вести