Skip to main content

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче се одржа мини митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде потпретседателот Александар Николоски и претседателот Христијан Мицкоски му дадоа поддршка на кандидатот Ристов за во вториот круг.

Потпретседателот Николоски покрај повикот за поддршка во вториот круг од локалните избори, тој потсети и за некои од клучните проекти кои беа реализирани, но и проекти кои се во тек на реализација со помош на владата. Таков капитален проект е и новиот пат до село Раќитец, кој ќе овозможи нов влез во селото.

Драго ми е што проектите кои заедно со градоначалникот ги започнавме веќе се реализираат како овој простор тука каде што сме. Драго ми е и дека патот интензивно се работи – рече Николски.

Гледате дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на локалните избори. Затоа да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот кур, да дадеме поддршка во вториот круг за убедлива победа, порача Николоски

Поврзани вести