Skip to main content

Невзат Бејта ја достави кандидатурата до ОИК

Од политичката коалиција ВРЕДИ потврдија дека на повторните избори за градоначалник на Гостивар нивен кандидат ќе биде Невзат Бејта. Тој денес придружуван од симпатизери и функционери на коалициските партнери, во ОИК Гостивар ги достави документите и официјално се пријави како кандидат на повторните избори закажани за 11 јануари.

Од ВРЕДИ велат дека одлуката дошла по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар.

Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината, наведуваат од ВРЕДИ. Оттаму посочуваат дека Невзат Бејта претставува стабилност, професионализам и визија за континуиран развој на Гостивар.

Невзат Бејта синоќа преку објава на социјалните мрежи најави дека во изборната трка на 11 јануари влегува како кандидат на ВРЕДИ. Тој се заблагодари на довербата и најави дека ќе работи за доброто на општината и граѓаните.

Гостивар е град на сите граѓани. Сите заедно ќе работиме да го градиме и мислам дека ќе имаме голема победа на 11 јануари, за доброто на нашиот град. Како што го гледам расположението на граѓаните од сите националности, тие едвај чекаат да дојде 11 јануари и да славиме победа, рече Бејта.

Неговата предизборна програма се базира на проекти во образованието, инфраструктура и јавната чистота.

Бејта за време на политичката кариера во ДУИ беше пратеник, градоначалник на Општина Гостивар во два наврати (од 2005-2009 и 2013-2017 година). Од матичната партија чијшто беше потпретседател се оддели заедно со Изет Меџити и беа дел од „огнената група“.

Поврзани вести