Елена Доцевска-Божиновска, која беше една од 33-те обвинети лица за 27 април посвети статус за прерано починатиот Игор Југ.
УШТЕ ЕДЕН ПАТРИОТ ИСПРАТИВМЕ ДЕНЕС!
Секако не требаше да се врати во смрдливата затворска ќелија, ама не вака…
Судницата за “27ми април” се пресели денеска на градските гробишта во Куманово, адвокати, обвинети, амнестирани…
Иако незапишана во КЗ, Југ доби смртна казна… другите остануваат да чекаат… остарени, пропаднати, но достоинствени и стамени како што ги видов првиот ден од процесот…
Задоволството беше мое, со Ивана Југ да ги венчавам во мај ’23… измешани чувства дента, радост што после толку години исполнети само со маки и страдање, конечно слават убав повод, тага и срам што венчавањето е во такви околности, жал што за некој ден пак ќе се врати таму каде не припаѓа, а ќе недостасува таму каде припаѓа…
Ме викаше Мара, иако не бев сигурна дека треба, не му се противев…
Фасцинираше со својата начитаност, со познавања од историја, колекција цитати, убав муабет, со писменост како ретко кој…
Беше пример со каква љубов и жар се зборува за Татковината, за Хрватска и не помалку за Македонија…
Достоинствен и непонизен до последен миг…
Остана една дружба договорена нереализирана…
Поздрави го Кико таму горе и чувајте ја Македонија на само за вас својствен начин!
Лесна земја и вечна слава Игор Југ!