Skip to main content

„Не го исклучија Васко Ковачевски, зарем ќе нè исклучат нас?“, вели Ивановски од СДСМ

Не го исклучија Васко Ковачевски, зарем ќе нè исклучат нас?, праша Игор Ивановски во вечерашното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител.

Универзитетскиот професот и поранешен висок функционер на СДСМ, во средата ја модерираше средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

Настанот уште пред да се одржи предизвика остри реакции од Социјалдемократскиот сојуз од каде го оценија како нов проект на власта за ослабување и фрагментирање на опозициската партија, симболично нарекувајќи го „ЗНАМ 2.0“.

Поврзани вести