Skip to main content

На Меѓународниот ден на образованието, министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска на средба професорите од Филозофскиот факултет

На Меѓународниот ден на образованието, Филозофскиот факултет во Скопје, како најстара високообразовна институција во државата, имаше чест да биде домаќин на Министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска. На средбата, професорите од факултетот дискутираа за нацрт Концепцијата за гимназиско образование, разменувајќи идеи и предлози за подобрување на идниот образовен систем.

Во рамките на посетата, се истакна важноста на партнерствата и соработката помеѓу академската заедница и институциите за образование. Министерката ги слушна препораките и размислувањата на професорите, нагласувајќи дека тие ќе бидат вклучени во процесот на креирање и имплементација на идните реформи.

Оваа средба ја отвори можноста за продлабочување на соработката меѓу Министерството за образование и Филозофскиот факултет, со заедничка цел – создавање модерно, иновативно и инклузивно образование кое ќе ги задоволи потребите на учениците и ќе биде во чекор со глобалните трендови.

Поврзани вести