Skip to main content

Муцунски-Странд: Поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ

Фејсбук Тимчо Муцунски

 Актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската Унија и перспективите во пристапниот процес, биле во фокусот на разговорите меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој е во работна посета на земјава.

Како што соопшти МНРиНТ, Муцунски ја реафирмирал цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди.

Тој истакнал дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка.

Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска, стои во соопштението на МНРиНТ.

Двајцата министри разговарале и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес. 

Поврзани вести