
Димитар Апасиев абе лани кога Јован Јанев водеше протести и кога го користевте за банер за евенти не беше слаб студент, пијаница и комарџија?! – коментира адвокатот Јанаки Митровски, откако претседателот на левица и актуелен пратеник, Димче Апасиев го навреди доскорешниот сопартиец Јанев.
Апасиев крајно непристојно на својата фејсбук страница напиша дека Јанев западнал во пороци и коцка, дополнително навредувајќи го дека е слаб студент.