
Портпарол на Владата на Република Македонија, Марија Митева, одржа прес-конференција со доктор Катерина Мирчовска, директор на болницата во Кочани и доктор Гордана Георгиева во Медија центарот на Владата.
Сакам да информирам дека телефонската линија која ја објавивме како Влада има силен одзив. До овој момент канцеларијата на претседателот на Владата има остварено контакт со 109 лица коишто ги имаат дадено предлозите и барањата – изјави Митева.
Таа информира дека најголем процент од нив се однесуваат на здравствени дополнувања и потреби коишто им се неопходни во овој момент или пак ќе им бидат потребни во периодот што следи.
Ја користам оваа прилика да ги охрабрам сите останати коишто се чувствуваат засегнати отворено и без заддршка да го сторат истото, Да се обратат, да споделат, да постават прашање. Секоја информација е важна, секој глас е слушнат од наша страна, за што ќе следи институционална но и човечка поддршка – додаде Митева.