Skip to main content

Митева: Нова мерка на Владата со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“

Printscreen/Youtube

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, Стојанче Ангелов директор на ДЗС и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ одржаa прес- конференција во Медија центарот на Владата.

Со особена чест и одговорност имам за цел да зборувам за новата мерка на Владата која што е опфатена со оперативниот план за вработување и е со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“. Ова е програма која се спроведува за прв пат во нашата држава. Со оваа мекра како држава правиме исклучителено значаен исчекор. Од реактивна кон проактивна политика во областа на заштитата од пожари и зачувување на животната средина – истакна Митева.

Митева потенцира дека наместо да дејствуваме несинхронизирано и окако штетите се направени, денес започнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе.

Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани во јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намачување на ризикот од пожари. Сакам да потенцирам дека секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддржка од 24.000 денари. Сите оние кои што ќе покажат особен интерес посветеност и висока подговвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите коишто се надлежни за оваа работа – рече Митева.

Поврзани вести