
Она што сакам да го издвојам за следната година е тоа што ќе има дополнителни средства во нашиот буџет од речиси дупло, ќе има 1 милијарда денари за сите пожарникари во Македонија, а во минатите години за нив се издвојувало многу помали суми, рече во интервјуто на њузмакс балкан министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски.
Оваа година во постапка е носење на буџетот за следната година, каде што една милијарда денари ќе отидат во сите општини, тоа се многу пари кадешто ќе се покријат сите трошоци, односно плати на сите пожарникари и ова за прват се случува, истакна Мисајловски.
Мисајловски потенцир дека модернизацијата на македонската армија ќе продолжи и следната година, но и најави рекострукција на Домот на АРМ, касарните и други објекти на министерството.

Македонски








