Skip to main content

Мисајловски: Остануваме посветени на исполнување на обврските кон нашите сојузници, но пред сè кон нашите граѓани

Во изминатите две години покажавме дека со одговорен пристап, јасна визија и посветена работа можат да се постигнат конкретни резултати. Македонија е безбедна и стабилна држава, зад нас се бројни реализирани проекти и интензивно работиме на реализација на многу други активности и проекти.

Развојот на кадарот, како и процесот на модернизација и опремување на нашата Армија за да биде посилна, помодерна и поподготвена да одговори на современите безбедносни предизвици, поддржани од стабилниот раст на буџетот, се реализираат со интензивно темпо.

Клучни реализирани проекти:

* Инвестираме во модернизација и нова воена опрема.

* Во постапка се нови 16 договори со нашиот стратешки партнер и сојузник САД, во вкупна вредност од 339 милиони американски долари.

* Преку Европскиот мировен фонд целосно е пристигната опремата од првиот пакет помош, во вкупна вредност од 40 милиони евра, а во тек е испораката на вториот пакет.

* Во постапки и имаме набавено над 7.000 пара чизми, над 8.100 униформи, 1.250 шлемови, 1.250 балистички елеци, над 2500 парчиња поединечна опрема за АБХ единицата.

* Инвестираме во реконструкција на армиската инфраструктура.

* Завршени се дваесетина инфраструктурни проекти во вредност од над 3,1 милион евра.

* Во тек се пет инфраструктурни проекти во вредност од околу 850 илјади евра.

* Подготвени се нови капитални проекти, меѓу кои реконструкцијата на хотелот „Шар“ на Попова Шапка и целосната реконструкција на Домот на Армијата во Скопје.

* Го зголемуваме буџетот за одбрана и инвестираме во подобрување на условите и стандардот на припадниците на Армијата.

* Започнавме разговори со синдикатите за нов Колективен договор и за трајно решение за професионалните војници кои навршуваат 45 години старост, со цел и понатаму да останат дел од македонската Армија.

Остануваме посветени на исполнување на обврските кон нашите сојузници, но пред сè кон нашите граѓани. Продолжуваме со истото темпо, одговорно, транспарентно и со јасна цел – силна Армија, сигурна држава и безбедна иднина за Македонија.

Поврзани вести