Skip to main content

Мисајловски: Остануваме кредибилен сојузник во НАТО, посветени сме на инвестициите во одбраната и развојот на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, учествуваше на средбата на министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Мисајловски, како што соопшти Министерството за за одбрана, на средбата подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот.

– Исполнувањето на НАТО целите на способности се највисок приоритет на одбраната и тоа ќе се реализира преку инвестициите во одбраната, како и преку процесот на модернизација и опремување на Армијата кој е во тек, истакна Мисјаловски.

Самитот на НАТО во Хаг започнува денеска, а македонската делегација во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, е предводена од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова

Поврзани вести