
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во синоќешното своето гостување во Дневникот 2 на МРТВ истакна дека на маса е предлог за мир во Украина и дека тоа е новата геополитичка слика.
Она што целиот свет сега може да го види, новата геополитика, или новата реалност, а тоа е на масата се става се става предлог за мир, изјави министерот Мисајловски.
Можеби за многу европски земји ова беше изненадување, но претседателот Трамп ова го најавуваше во изборната кампања.
Иако, ова за многу европски земји ова можеби беше наеднаш, но се ова беше најавено во кампањата на претседателот Трамп и оваа реалност со нови контури со нови размислувања како да се постигне мир е новата слика и новата геополитика i натака сите треба да размислуваме, истакна Мисајловски во Дневникот на МРТВ.
Она што е најважно се разговара за мир, мислам секој посакува да се најде мир. Бидејќи милиони луѓе се уште умираат на борбените полиња, независно од која страна се и овој хаос мора прекине, рече Мисајловски.
Ќе следи обнова на Украина, тоа е таа нова реалност и геополитика, нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме, рече Мисајловски.Ќе следи обнова на Украина, ќе треба да се определува дополнителни средста од нашите буџети тоа сигурно ќе биде и тоа е таа една нова реалност и геополитика што секоја земја ќе треба да помага, изјави Мисајловски.
Нема да преземаме нешто што неможеме да го исполниме, колку што можеме ќе помагаме вели Министерот Мисајловски.
Ние согласно нашите капацитети мора да презмеме одговорност. Неможеме да преземеме нешто што неможеме да го исполниме, затоа да внимаваме во следиот период, колку што можеме да помагаме, но да си гледаме внатре. Да имаме силна држава, да имаме една силна Армија, вели Мисајловски.
Внимавам максимално како нашата Армија да биде уште подобра и модернизирана, првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, рече во интервјуто Мисајловски.
Јас од кога сум министер, гледам максимално, ако има било каква помош било тоа кон Украина или трета земја ние да добиеме како Армија, да добиеме како земја, односно да добиеме дополнителна опрема, да добиеме и донации…, мора така. Мора, оти ние ако даваме дополнителна помош да се гледаме себеси, како нашата Армија да биде уште подобра да се модернизираме, но во исто време како да ги обновуваме сите опреми оние кои што ги даваме. Тоа е многу важно, бидејќи првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, појасни Мисајловски.