Skip to main content

Мицкоски: Заедно со Општина Тетово градиме уште две нови средни училишта

Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

Како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие.

За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово.

Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.

Поврзани вести